Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

На 19 Април 1957 година е искомпајлирана првата FORTRAN програма ... Повеќе

На 7 Април 1964 година IBM ја презентира својата System/360 архитектура ... Повеќе

На 6 Април 1992 година Microsoft го издаде Windows 3.1 ... Повеќе

На 29 Март 1989 година Pixar добиваат оскар за првиот компјутерски-анимиран филм "Tin Toy" ... Повеќе

На 26 Март 1996 година умира David Packard, еден од основачите на гигантот Hewlett-Packard (HP) ... Повеќе

На 25 Март 1992 година, Microsoft го издаде Excel 4.0 Spreadsheet ... Повеќе

На 24 Март 1959 година, Texas Instruments (TI) го презентираше првото интегрирано коло. Неговиот пронаоѓач, Jack Kilby ... Повеќе

На 23 Март 1928 година е роденa Jean Sammet, пионер во развојот на компјутерската наука. Запамтенa е како создавач на програмскиот јазик FORMAC ... Повеќе


во SoftwareMK
цел Најди!


Hits:
Virtual Macedonia 

Topsites


PageRank Checking Tool
 View My Public Stats on MyBlogLog.com
World Cup 

Counter

Powered by Blogger

Wednesday, April 19, 2006

Искомпајлиран е првиот програм изработен во FORTRAN


На 19 април 1957 година тимот на Herbert Bright, раководител на АОП центарот на Westinghouse во Pittsburgh ја искомпајлирал првата Fortran ("FORmula TRANslator" ) програма.

Интересно е тоа што во истиот момент компајлерот ја јавил и првата грешка "Comma missing in computed GO TO statement.". Единаесет години подоцна, односно во 1968 година Edsger Dijkstra, еден од најголемите противници на програмирање без математички доказ на коректност, изјавил дека GOTO наредбите се штетни и продолжил со своето пропагирање на дисциплинирано програмирање.

Kомпјалерот бил направен од John Backus и неговите колеги од IBM, кои го развивале 7 години, и потоа им го испорачале на Westinghouse.

FORTRAN(1957)


DIMENSIØN A(11)
READ A
2 DØ 3,8,11 J=1,11
3 I=11-J
Y=SQRT(ABS(A(I+1)))+5*A(I+1)**3
IF (400>=Y) 8,4
4 PRINT I,999.
GØTØ 2
8 PRINT I,Y
11 STØP

Friday, April 07, 2006

IBM System/360


На 7 април 1964 година IBM ја објавува својата System 360 компјутерска архитектура, која е имплементирана во, до тогаш најдобриот компјутер, наречен "360".

Во тоа време продажбата на 360-ките на IBM му носи приход од 100 милијарди долари и освојување на 65% од светскиот пазар.

Повеќе за IBM-овата 360-ка ќе најдете овде
На овој линк може да го погледнете официјалниот документ на IBM за System/360 архитектурата

Thursday, April 06, 2006

Излезе Windows 3.1


На 6 април 1992 година Microsoft го издаде Windows 3.1, оперативен систем наменет за IBM и IBM компатибилни PC-a. Оперативниот систем се продавал по цена од само 149 американски долари.
Поради тоа што Windows наликувал на MAC OS, Apple го обвиниле Microsoft за "плагијаторство" (Microsoft го добиле спорот).

Windows 3.1 имал вградено подршка за звучни картички, MIDI и CD аудио, Super VGA (800x600) монитори и подршка за модеми кои работат до 9600 bps.



Повеќе за историјатот на Њиндоњс (Њиндоњс е намерна грешка :-))

Tuesday, March 28, 2006

Pixar wins an Academy Award for "Tin Toy"

Pixar wins an Academy Award for "Tin Toy", the first entirely computer-animated work to win in the best animated short film category. Pixar, now a division of Disney, continued its success with a string of shorts and the first entirely computer-animated feature-length film, the best-selling "Toy Story".

Sunday, March 26, 2006

Починал еден од оснивачите на Hewlett-Packard

На 26 Март 1996 година умира David Packard, еден од основачите на гигантот Hewlett-Packard (HP). Заедно со Bill Hewlett, со кој заедно студирале на Stanford, во 1938 година ја формираат компанјата Hewlett-Packard.

Прв продукт на компанијата бил еден осцилатор. Понатаму тие произведиле 8 такви осцилатори за Disney кои биле употребени за создавање на специјални ефекти во нивниот филм Fantasia.

Денес HP е најпознат brand во производство персонални компјутери, печатачи, скенери и друга компјутерска опрема.

Saturday, March 25, 2006

Microsoft Excel 4.0

На 25 Март 1992 Microsoft ја издаде првата верзија на Excel 4.0 Spreadsheet. Колку понатаму се разви оваа апликација знаеме сами.

Инаку првата алатка за табеларни пресметки се викала VisiCals, креирана од Ed Frankston и Dan Bricklin издадена за Apple II PC во 1979 година.

Friday, March 24, 2006

Jack Kilby го пронаоѓа интегрираното коло

На 24 Март 1959 година, Texas Instruments (TI) го презентираше првото интегрирано коло. Неговиот пронаоѓач, Jack Kilby го креира истото за да докаже дека отпорниците и кондензаторите можат да егзистираат на исто место во полупроводник.


Kilby се смета како татко на микрочипот, бидејќи овој пронајдок е почеток на создавањето на микрочипот.

"What we didn't realize then was that the integrated circuit would reduce the cost of electronic functions by a factor of a million to one, nothing had ever done that for anything before" - Jack Kilby

Во 2000 година Kilby ја добива Нобеловата награда за пронаоѓањето на интегрираното коло.

Jack Kilby почина на 20 Јуни, 2005 година во Далас по кратко боледување од рак.

Повеќе